Втор ден по ред бројот на новозаразени се намалува.  Потврдени се 1.775 нови случаи на заразени од вирусот Ковид-19 со што вкупниот број изнесува 141.672, соопшти денеска Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.

Бројот на смртни случаи се зголеми за 110 – на 4.404.

Поради тоа , Германија се подготвува за нова фаза во борбата против епидемијата на коронавирусот, при што на некои бизниси сега им е дозволено да  работат по едномесечен прекин, јави ДПА.

Се отвораат мали и средни продавници со површина помала од 800 метри квадратни, иако 16-те покраини имаат различни правила за враќање на работа.

Дилерите на автомобили и на велосипеди и книжарниците исто така ќе можат да продолжат со работа. Во некои провинции зоолошките градини се исто така на оваа листа.

Училиштата ќе бидат отворени за дел од учениците кои полагаат или се подготвуваат за испити во Саксонија, Берлин и Бранденбург. Другите провинции треба да ги отворат училиштата подоцна оваа недела или почетокот на мај. Дебатата за грижата за помалите деца продолжува. Се очекува денеска да се одржи состанок на работната група на која ќе се разговара за постепеното обновување на работата на јаслите и градинките во државата