Ноќта помеѓу вторникот и средата во метро станица во Берлин,  триесетгодишник бил турнат под возот кој во тој момент пристигнал на станицата, при што загинал на лице место од тешки телесни повреди нанесени при несреќата.

Според очевидци, четворица мажи се обиделе да ограбат лице во инвалидска количка. Кога 30-годишникот интервенирал за да го заштити својот чичко со хендикеп,  двајцата напаѓачи го нападнале.

Дел од патниците кои го чекале возот се обиделе да  кренат платформата, додека да стигне брзата помош се обиделе да ја стабилизираат неговата состојба, но не можеле да му го спасат животот.

Според  германското МВР, истрагата за убиството е во тек додека напаѓачите веднаш избегале од местото на злосторството. Во меѓувреме кога се прегледувале снимките од камерите во близина било забележано дека загинатотот лице кое го туркало човекот во инвалидска количка со групата размениле сомнителни предмети, при што настанала препирка која завршила со несреќниот случај.