x

Биелса носи свој сонародник од Манчестер Ј. на голот на Лидс Ј. за следната сезона

sergio-romero

Само неколку дена по промоцијата во Премиер лигата, Лидс Ј. се пушти во лов на нови засилувања. Според пишувањето на ЕСПН, Марсело Биелса им дал задача на своите соработници да му го обезбедат потписот на вториот голман на Манчестер Ј, Серхио Ромеро, инаку негов сонародник.

Серхио Ромеро скоро сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед ова лето, затоа што оваа сезона немаше ниту еден настап за тимот во Премиер лигата. Покрај Лидс Ј. во трка за Ромеро ќе влезе и Евертон.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата