x

Биелса и Лидс се презадоволни: Алиоски добива нов договор од премиерлигашот!

alioski

Езџјан Алиоски, како што јавува “Фудбал Инсајдер“ има големи шанси и по јуни 2021 година да остане во Лидс Јунајтед. Имено раководството на Премиерлигашот, кој оваа сезона по долги години се врати во елитата, и стратегот Марсело Бијелса имаат намера да му понудат нов договор на репрезентативецот на Македонија. Дека Бијела го почитува Македонецот, говори фактот дека синоќа на мечот со Астон Вила, кој Лидс неочекувано го доби со убедливи 3:0, го остави во игра нашиот Џани во текот на сите 90 минути.

Сега останува само дали и Џани е задоволен од понудата, се разбира дека Лидс сака предвреме да се осигура, ако се знае дека нашиот репрезентативец во јуни следното лето ќе биде слободен играч.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата