x

Биелса во Лидс Ј. го носи холандскиот „Усеин Болт“

gyranо-kerk

Новиот англиски премиерлигаш Лидс Ј. е на пат да договори уште едно ново засилување.

Станува збор за Гирано Керк од Утрехт, кого во својата земја го нарекуваат „Усеин Болт“. Керк е крилен напаѓач, има 24 години и на пазарот вреди околу 10 милиони фунти. Марсело Биелса е свесен дека му се потребни и нови засилувања за да го издржи товарот на дебитантската сезона во Премиер лигата, па затоа побарал од управата да го купи и младиот крилен напаѓач на Утрехт.

Керк минатата сезона постигна 11 гола и имаше 12 асистенции во холандското првенство, а за него интерес има и од италијанските тимови Верона и Каљари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата