Тодоровски вели, матурата не е маскенбал за да се преобразите до непрепознатливост, а всушност и воопшто не е тренд да се биде пренатрупан и со сменет личен опис.

„Веќе неколку сезони ин е природниот изглед кога се шминката и косата во прашање, токму затоа и мојот совет оди во таа насока. Кога се работи за косата тренди се природните тонови, односно rose/gold нијансите, осветлени прамени, но не премногу потенцирани, туку само косата да изгледа како низ неа да се отсликуваат сончевите зраци. За оние похрабрите девојки предвид доаѓаат и праска тоновите, портокаловата, виолетовата, кралско сината… Косата може да е собрана или пуштена, но повторно фризурата треба да е во склад со возраста, без „строги” фризури и линии. Лежерните варијанти, благите кадрици се евергрин“, вели Тодоровски.

„Кога, пак, во прашање е шминката тука се дозволени експрименти, но со боите. Иако лично сметам дека една 18-годишна девојка треба да ја истакне својата природна убавина и не треба да си го „крие” лицето, но бидејќи се е прашање на вкус и личен избор тогаш мојот совет за оваа сезона е црн дебел ајлајнер, кармин (годинава стик-карминот се врати на голема врата), потоа кога се боите во прашање блага предност има сирена трендот, односно тиркизно-виолетовите тонови. Тоталната доминација му припаѓа на хајлајтерот, кој не мора да е класичен, туку во боја”, додава Тодоровски, кому довербата досега му ја укажале многу познати дами од светот на домашниот, но и шоу бизнисот во соседството


INSTAGRAM @boban_todorovski_ FB page: Boban Todorovski Make-up Artist