За разлика од реалноста во Македонија и молчењето на Владата, Биг Мајк, по завршување на средбата со премиерот Зоран Заев, на Инстаграм објави видео како поминала средбата, за што разговарале. Човекот бегалец со многу идентитети, не ја крие воодушевеноста од тоа што ќе прави во Северна Македонија.

 

Владините мерки за економски раст преку фамилијарно одгледување марихуана за медицински цели се чуле дури до Америка, па еден од најуспешните претприемачи на индустријата за канабисот, мултимилионерот Биг Мајк се спотна со приватен авион од САД до Скопје на состанок во Владата.

Тој најави гламурозна претприемачка авантура, која од Македонија би направила европска „канабис супер сила”.

Штрауметис денеска објави фотографии од средбите со премиерот Зоран Заев, со министерот за здравство Венко Филипче и со градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Биг Мајк е светски претприемач во полето на одгледување на канабис.

Тој од аеродромот до Скопје стигна со полициска придружба, а ниту една служба за информирање не сподели никаква инфромација за неговата посета. Меѓутоа, Мајк сѐ објавуваше на својот инстраграм-профил, па македонската јавност така дозна дека тој има план за инвестирање во полиња со марихуана и дека со голем ентузијазам ја очекува соработката со македонската влада.

 

Интересно е што за овој инвестициски бум во најава, сепак, не дознаваме од транспарентната и отчетна владина прес-служба, како што е редот, туку од Инстаграм профилот на Биг Мајк, кој педантно го бележи пристигнувањето на скопскиот аеродром, потоа трансферот од аеродромот до градот со полициска придружба како специјален гостин на премиерот, секако средбата со премиерот одржана вчера, средбата со градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и на крајот, човекот дури и дава изјава за Инстаграм.

 

 

Биг Мајк пристигнал во Скопје вчера, во раните утрински часови

 

Биг Мајк си избрм полиња за одгледување марихуана

 

 

Невообичаено за ваков профил на личности, кои не доаѓаат во официјални државни посетида бида придружувани од полициско возило

 

Биг Мајк на Инстаграм се фали дека доаѓа во Македонија на средба на високо ниво со владини претставници, за развивање на потенцијален бизнис со одгледување на марихуана

Мајкл Штрауметис на свои 23 години влегува во бизнис со растење марихуана во САД, по што повеќе од една деценија бил во бегство со седум различни идентитети. Од 1996 година влегува во Канада, каде што ја отвора својата компанија „Адвенсд нутриентс“.

Испративме повеќе новинарски прашања за средбата на македонскиот премиер Заев и американскиот бизнисмен Биг Мајк, но добивме краток отсечен одговор.

Владата на Република Северна Македонија и премиерот Зоран Заев на дневно ниво реализираат бројни средби и работни состаноци на економски теми. Не постои професионален стандард или пракса за јавно информирање за сите работни средби во Владата, посочија од Владата.

Досега Владата не одбивала да одговори за средбите „од трет вид“ што ги одржува премиерот во зградата на Владата. Како пред една година, кога го прими светскиот лажго, пронцот на Црна Гора и Македонија Стефан Черноевиќ, кој дури и го одликува.

 

Иако од Владата нема информација, Биг Мајк на својот Инстаграм профил веќе објави фотографии од средбата со премиерот Заев. Тој напиша дека земјава има голем потенцијал и ќе може да ја направи Македонија најголем производител на марихуана. Најави големи случувања…

Кој е Биг Мајк?

Мајкл Страументис (Биг Мајк), познат и како „Marijuana Don“ и „Инстаграм“ крал на марихуаната. Мајкл Штрауметис на свои 23 години влегува во бизнис со растење марихуана во САД, по што повеќе од една деценија бил во бегство со седум различни идентитети. Од 1996 година влегува во Канада, каде што ја отвора својата компанија „Адвенсд нутриентс“.

Сопственик е на „Advanced Nutrients“, компанија специјализирана за суплементи и производи од марихуана, лоцирана во Канада. Неговото богатство се проценува на милиони долари. На „Инстаграм“ редовно објавува фотографии од девојки, пари, приватни авиони, автомобили и многу мариухана. Другите таканаречени кралеви на „Инстаграм“ на своите фотографии немаат марихуана, па Страумеитис смета дека тоа е неговата голема предност.

Биг Мајк е роден во Портланд, Орегон и потекнува од семејство од пониска класа. Неговиот татко починал како тинејџер, а мајка му станала зависник од дрога.
Кога имал 19 години, основал компанија за ѓубрење тревници. На 23 години му рекле дека може да заработи многу пари ако одгледува марихуана, па ги унапредил своите техники до тој степен што изградил империја.

 

Одгледување на марихуана за медицински цели е прилично доходовен бизнис, во кој најголем удел има семејството Заеви и нивни блиски.

Според официјални информации, претставници на фамилијата Заеви инкасирале 3,3 милиони евра од бизнисот со марихуана.

Струмичката компанија за градежни материјали „Еленица“ лани ја имала наjдобрата година во последните четири години, покажуваат официјалните финансиски резултати од работењето за 2018 година, достапни на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Струмичката компанија специјализирана за производство на цигли и ќерамиди лани имала приходи од 5,16 милиони евра и остварила добивка од 2,7 милиони евра (50 отсто од вкупниот приход). Добивката е од продажба на дел од уделот што Еленица го има во светиниколксата компанија МАМ, лиценцирана за производство на масло од канабис. Оваа струмичка компанија има двајца акционери. Едниот има 99,9 отсто од акциите и тоа е Трајче Заев, долгогодишен бизнисмен. Другиот акционер во „Еленица“, Жан Ангов, поседува 26 акции.

Со новите построги законски мерки кои се воведуваат за одгледување на марихуана, имаше реакции дека тие се со цел никој друг да не може да везе во оваа доходовна индустрија.

Освен Заеви во бизнисот со марихуана е влезен и Ване Андреев, адвокатот на Заев, кој е дел од сопствеништвото на „Канабис ОНЕ Доо Струмица“.