Огњен Врањеш побарал, како што пренесува српски Курир, од Јелена Карлеуша 100 000 евра за да ги повлече тужбите кои ги поднесе заради заканите кои пејачката ги изнесе на социјалните мрежи. Врањеш преку својот адвокатски тим и порачал на Карлеуша да спреми пари и да ги повлече тужбите, и дека ќе заборави дека тој постоел. Наводно Карлеуша понудата ја доживеала како непристојна и категорички ја одбила. 

„Кога слушна полуде. Рече дека ни на крај памет не и е да запре и дека ќе го гони до последниот ден ако треба. На договори со него не се согласува. Му порачала дека парите попрво ќе ги запали отколку да му ги даде нему“, открил извор близок до Јелена.   

Следното нивно рочиште е закажано за септември.