Мајката имала важен телефонски разговор кога нејзиниот поранешен сопруг влегол во станот и го донел нивниот син стар 17 месеци. Човекот го оставил бебето кое спиело и заминал. Десетина минути подоцна малиот почнал да плаче, а шокираната мајка сфатила дека тоа не е нејзиниот син. 

– Мојот син има сини очи, а ова момченце кое го донесе има зелени. Разлика имаше и во бојата на косата. Веднаш му се јавив и му кажав во истиот момент да ми го донесе синот, раскажала мајката. 

Подоцна појаснила дека тогаш открила отинејзиниот поранешен сопруг има уште еден син со друга жена и дека тоа дете е 6 недели помало од нивниот син, па се покажало дека човекот ги сменил децата додека спиеле во автомобилот.