x

БИБЛ: ТФТ Скопје убедливо поразен од Ибар, бадијала одличниот настап на Харис!

tft-demek-so-ibar

Вечерва во Рожаје (Црна Гора), екипата на ТФТ Скопје е убедливо поразена од Ибар со 96:79, а по четвртини 17-19, 37-15, 20-29 и 22-16 во својот четврти настап сезонава во БИБЛ лигата го доживеа втриот пораз. Во првата и третата четвртина нашиот претставник во Балканската лига играше добро, впрочем и ги доби тие четвртини, но се чини дека пресудна за поразот беше втората, која ТФТ Скопје ја загуби со -18 поени.

Кај победничкиот тим најдобар, со 26 поени беше Амин Хот, додека најдобар поеднец во нашиот тим беше Тајрон Харис кој забележа дури 30 поени.И покрај поразот од екипата од Црна Гора, ТФТ Скопје и натаму остана на третата позиција на табелата со шест бодови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата