x

БИБЛ: ТФТ го растури Куманово, за втор триумф во Балканската лига!

tft-1

ТФТ Скопје во “македонското дерби“ во БИБЛ, вечерва во натпреварот кој се одигра во СРЦ Кале, успеа со 83-54 да го победи Куманово. Од она што можеше да се види на паркетот, домашниот состав во сите елементи на кошаркарската игра беше подобар од гостинот од Куманово. По четвртини резултатот беше 18-15, 31-10,20-15 и 14-14. Се гледа само дека само во последната четвртина кумановци беа рамноправен противник. Инаку ова беше втора победа за екипата на ТФТ Скопје во Балканската лига во третиот меч.

Најдобар на паркетот во победничкиот тим беше Андерсон со 30 поени, следуваат Хортон и Харис со по 19 и 18 поени. Додека кај гостите се истакна Андрејевиќ со 15 поени, додека Робев и Црниќ постигнаа по 13. Инаку ова беше втор меч сезонава во БИБЛ за Куманово и прв пораз.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата