БИБА ГО ОТКАЖА КОНЦЕРТОТ
Биба Додева го откажа својот прв солистички концерт, закажан за први декември. Концертот требаше да биде промоција во живо на нејзиниот деби албум “Една добра причина”. Истиот, наводно е откажан поради технички проблеми и заради неможноста на Биба и нејзиниот тим, навреме, до крај да ги спроведат сите технички и музички намери. Новиот термин најверојатно ќе биде во март следната година.