x

Бејтулаи има понуда од Кина, вредна 700.000 евра годишно!

Може лесно да се случи Егзон Бејтулаи оваа зима да одлета на Далечниот исток. Имено како што дознава СПОРТМЕДИА од сигурни извори, репрезентативецот на Македонија и довчерашен член на Шкендија на кого му истече договорот со шампионот, имал супер понуда од Кина и тоа вредна 700.000 евра годишно. Секако дека оваа понуда е супер понуда од финансиска гледна точка.

Се уште не се знае дали дефанзивецот ќе ја прифати или не. Имено тој посакува да остане во Европа и тука да ја продолжи својата кариера.

Да потсетиме дека неговото име се врзуваше со трансфер во Трабзонспор, потоа имало интерес уште од два клуба од Турција за македонскиот репрезентативец. Исто така за Бејтулаи има имало силен интерес од два клуба од Полска, неофицијално и еден од најголемите клубови во Унгарија би сакал да го види Бејтулаи во своите редови.

Од друга страна Шкендија официјално се уште не се откажала од својот Егзон, тој има понуда на маса за да потпише нов договор со тетовци. Според она што го дознаваме набргу ќе се знае неговиот нов клуб, или пак тој ќе биде стариот.

Самиот Егзон Бејтулаи треба да одлучи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата