x

Бејл со провокација до навивачите на Реал Мадрид (ФОТО)

Герет Бејл се врати на тренинзите во Реал Мадрид пред дуелотсо Ејбар. Тој за кратко време успеа да ги испровоцира фановите на „кралскиот“ клуб, на заедничката фотографија тој направи голферска поза. Добро е познато дека токму поради оваа негова пасија, во изминатиот период се соочуваше со повреди.

И покрај најавите дека ќе го напушти Реал, засега остана во Мадрид, неговиот договор истекува за две години. Против Ејбар нема да биде стартер, Зинедин Зидан се одлучи за Асенио – Бензема и Азар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата