x

Бејл не сака да си оди од Реал

Долго време се шпекулираше, но сега ситуацијата е појасна.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Зинедин Зидан сака да го реши Герет Бејл, но неговото заминување во Кине нема да се оствари.

Договорот со Реал Мадрид има важност до следното лето 2020 година, желба на фудбалерот од Велс е да го одработи до крај.

Бејл во Реал дојде во 2013 година, освои четири титули во Лигата на шампионите.

За “кралскиот“ тим одигра 249 натпревари и постигна 105 гола, што не е лош учинок ако се земе во предвид времето минато на терен.

Покрај Кина беше поврзуван и со Евертон. Дали ќе остане во Реал останува во скоро време да дознаеме.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата