Освен Луис Енрике, лоши вести од лекарскиот тим доби и предводникот на Реал (М), Рафа Бенитез.

Откако беше информиран дека капитенот Серхио Рамос има сериозна повреда на рамото, Бенитез дополнително беше шокиран со веста дека и повредата на велшкиот интернационалец Герет Бејл е од посериозна природа.

Лекарскиот преглед после натпреварот против екипата на Шахтјор од Донецк покажа дека Бејл има скинат мускул на листот од левата нога, поради што ќе мора да биде надвор од терените две до три недели.

Репрезентативецот на Велс ќе мора да ги пропушти првенствените дуели против Гранада, Билбао и Малага, но и натпреварот против Малме во Лигата на шампиони.