x

Бејл заминува без поздрав, нема да биде во составот за Леганес

Реал Мадрид вечерва (21 часот) му гостува на Леганес во последното коло од Ла Лига. За „кралскиот“ тим ова е обичен меч без резултатско значење, откако претходно ја осигура титулата.

Во составот на Зинедин Зидан нема да биде Герет Бејл и тоа на негово барање. Фудбалерот на Велс во изминатиот период го загуби местото кај францускиот стручњак, а низ месеците, па и сега по „рестартот“ видовме дека е ладнокрвен кога станува збор за Реал. За време на прославата на титулата тој излезе на теренот без емоции.

Останува да се види дали Бејл ќе се појави на 7. август за мечот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити или пак ќе замине без поздрав.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата