x

Бешикташ отиде пред сите: Си инсталира кабина за дезинфекција (ФОТО)

Клубовите се претпазливи кога станува збор за кам-бек на терените после двомесечната пауза поради коронавирусот. Пополека тимовите се враќаат на тренажен процес, но работат под посебни заштитни протоколи. На некои им се мери температура, носат маски на лицето, ракавици… Пред да влезат во тренинг центарот мијат раце, лице, алиштата ги складираат во лични торби итн. Во Бетис, на пример, ги дезинфицираа автомобилите на сите играчи. А еден клуб отиде многу понапред од сите.

Дезинфекциска кабина си инсталира турскиот Бешикташ на влезот во својот тренинг центар. Па така фудбалерите во тренинг центарот мора да поминат низ оваа кабина. Се активираат прскалки кои ги прскаат фудбалерите со дезинфекциско средство и продолжуваат понатаму.

Веројатно овој тренд ќе го следат многу клубови.

La medida del Besiktas contra el coronavirus: una cabina de ...

Coronavirus Turquía: Besiktas instaló una cabina de desinfección ...

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата