x

Беше прв пик на НБА драфтот, но веќе неколку години не игра кошарка

Грег Оден беше прв пик на НБА драфтот во 2007 година и од него се очекуваше нова голема НБА ѕвезда. Сепак, судбината сакаше нешто сосема друго, па Оден не игра кошарка веќе неколку години наназад, иако има само 32 години.

Центарот од Универзитетот во Бафало требаше да биде еден од најдобрите кошаркари на светот, поради што, меѓу другото, беше избран и пред Кевин Дјурант на Драфтот во 2007 година. Сепак, повредите, особено онаа на коленото, го спречи да го исполни својот потенцијал. Оден ја започна својата професионална кариера во Портланд во сезоната 2008/2009 затоа што првата мораше да ја прескокне токму поради проблеми со коленото. Одигра 61 натпревар и во просек имаше девет поени и седум скока. Следната сезона настапи на само 21 меч, а потоа го прескокна остатокот од годината, како и целата сезона 2010/2011.

Проблемите со коленото го следеа постојано и тој едноставно не можеше да остане здрав и подготвен за игра. Не одигра ниту еден натпревар во сезоната 2012/2013, а се обиде да ја оживее кариерата во Мајами следната година. Тоа беше уште еден неуспешен обид и по шест кошмарни години, со само 27 години замина од кошарката.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата