Емина Јаховиќ живее на релација Белград – Истамбул, а како за себе сака да каже, многу сака да работи и во секоја работа ужива.

– Јас сум вистински генератор, машина. Сакам да работам, не сум во состојба да лежам и ленгачам… Не сум таа природа, кога не работам се чуствувам многу лошо – рекла таа за црногорски медиуми, и опишала како се бори со тешки моменти во животот.

– Секогаш велам дека во животот секогаш постојат проблеми, но проблем е начинот на кој со нив треба да се избориме. Крајот на 2017 и 2018 година ќе ја паметам по не баш убави моменти во својот живот. Беше многу тешко, но се изборив и станав посилна – додала таа.