x

Бетис после 22 години назначи чилеански тренер

Она што се шпекулираше изминатите денови денес доби и официјална потврда. Шпанскиот прволигаш Бетис го назначи Мануел Пелегрини за нов кормилар на екипата. Чилеанскиот стратег потпиша договор на три години, а ќе го замени Руби кој си замина поради лоши резултати.

Така после 22 години повторно чилеански тренер ќе го предводи „зелениот“ клуб од Севиља. Висенте Кантаторе, чилеански стратег со аргентински корени кратко се задржа на клупата од август до октомври 1998 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата