Радосна вест за најмладите, но и за не толку младите љубители на откачените авантури на пингвините – ВЕЧЕР и Синеплекс оваа среда ве носат бесплатно на кино за еден од најсмешните анимирани филмови во 2014 година – “Пингвините од Мадагаскар“!

Подарок-билетите важат за проекцијата на филмот оваа среда, во 16.45 часот.

Како и досега, може да бирате и помеѓу кој било филм во Синеплекс со проекција оваа среда, а со почеток од 16.20 до 18.20 часот!

За да ги добиете традиционалните билет подароци, како и досега потребно е да пратите одговор (на електронската пошта: [email protected]) на едноставното прашање и да видите дали сте меѓу петте добитници кои добиваат по два билети, а кои ќе ги објавиме на интернетската страница на ВЕЧЕР денеска попладне.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=retX8Wj7JdM]

Прашањето е: Кој е режисер на “Пингвините од Мадагаскар“?

Билетите се подигаат најдоцна 15 минути пред почетокот на проекцијата со приложување на документ за лична идентификација на билетарницата.