Бесни автомобили и ултра кратки здолништа
Во популарниот ресторан “Ден и Ноќ” матурантите од средното училиште “Ѓорѓи Димитров” го одбележаа крајот на школската година со луда матурска забава. Во прв план на големиот паркинг пред ресторанот, нормално, беа автомобилите, а освен нив вниманието го привлекуваа и прекрасните девојки. Судејќи по автомобилите, изјавата не беше претерана-имаше од се по нешто: од преработени југовци до бела лимузина и спортски двоседи. По, се изгледа матурантите се натпреваруваа кој ќе дојде во поскап автомобил, а не ретки беа и оние кои пред “Ден и ноќ” дојдоа на бесни мотори. На овој начин во друштво на своето момче пристигна и актуелната Мис на Македонија, Сара Леши, која на својата матурска вечер се појави облечена во фармерки и лелеава маичка на прерамки. За разлика од неа, повеќето од девојките носеа ултра кратки комбинации. Некои од нив скришум се пресоблекуваа, долгите фустани за пред гостите на домашната забава ги заменуваа со кратки мини здолништа. Момчињата беа нешто полежерно облечени. Не видовме ниту еден матурант облечен во костум – повеќето носеа елегантни панталони, комбинирани со штосни кошули и скапи чевли. Алкохолот, кој тие наголемо го конзумира на паркингот, предизвика атмосферата во некои моменти да стане и делирична. За среќа, немаше повредени, па матурантите подзагреани ја продолжија забавата во ресторанот, каде што славеа до раните утрински часови. Александар НАКОВ Фото:А.Ивановски
По, акцијата на нашата Редакција, трите врвни македонски креаторки и фризерското студио “Кул Кат” беа избрани четирите среќни добитнички. Една од нив е и Александра Миљковиќ, која вчера во креацијата на Антонија заблеска во ноќта што со нетрпение ја чекаше – матурската вечер. Креацијата е изработена од чиста свила и памучен брокат.