Пожар во Населбата Радојца Новичиќ во Охрид. Густиот чад може да се види од повеќе локации на градот.  Порталот Охрид 1 вели оти дознале дека е запалена трска во околното поле.

Инаку ова не е прв пат да се запали трската на овој потег. Секоја година се чини дека имаме иста приказна. Несовесни граѓани подметнуваат пожар, со цел да добијат обработлива површина.

Инаку за потсетување овој потег е остаток од некогашните големи мочуришта што го опкружувале Охрид. Делот е богат со вегетација и птици.