Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони излезе од болницата во Милано, каде што пред шест дена беше опериран поради опструкција на цревата.

Берлускони им кажа на новинарите дека се плаши дека стигнал „до крајот на линијата”, но додаде дека сепак „направил големо враќање”.

Тој рече дека сега малку ќе одмори и нема да води изборна кампања за својата партија „Форца Италија“ на митинзите, туку преку телевизија, радио и други медиуми, објави АП.

На Берлускони првпат му беше дозволено да се кандидира за јавна функција по забраната изречена поради пресудата за даночна измама во 2012 година.

Минатата година, судот пресуди дека Берлускони може повторно да се занимава со јавни работи поради доброто однесување.

извор: Makfax