Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони застана зад необврзувачкиот референдум за автономија на својот роден регион Ломбардија. Тој истакна дека не е сигурен дали може лично тој да гласа.

Берлускони му даде поддршка на претседателот на локалната влада на Ломбардија, Роберт Марони, за автономија на овој регион. Ломбардија, како и соседно Венето, ќе гласа в недела за поголема автономија.

На прашањето дали планира да гласа, Берлускони рекол дека ги прашал неговите адвокати и дека сè уште не е сигурен во одговорот на тоа прашање.
Марони се надева дека в недела ќе освои мнозинство потврдени гласови кои би му дале политичка тежина во преговорите со Рим за да добие поголеми овластувања за Ломбардија, вклучително и областа за безедбост и миграција, како и поголема даночна контрола.

„Се надеваме дека овој референдум ќе има голем успех”, рекол Берлускони.