Италијанскиот премиер Силвио Берлускони потпиша договор со Александра Мусолини, лидер на неофашистичкото движење Социјална алтернатива, јавуваат италијанските медиуми. “Постигнавме договор за програмата меѓу нас и Социјалната алтернативе”, соопшти Берлускони во присуство на внуката на поранешниот диктатор Бенито Мусолини, со што официјално ја прошири коалицијата со која ќе учествува на изборите. Договорот меѓу Берлускони и Мусолини предизвика незадоволство кај останатите сојузници на премиерот. До решението за заеднички настап дошло откако Александра Мусолини и двајцата нејзини сојузници, Роберто Фиоре и Адриано Тилгер, се договориле да не се запишуваат на листите на коалицијата, туку да предложат други кандидати. “Ужасно е што Берлускони потпишува договор со крајно десните неофашисти”, коментира Масимо Д Алема, претседател на опозиционите Леви демократи. (МАКФАКС)