Натпреварот што го организира „Германскиот центар за сказни” од Берлин, во соработка со Министерствата за образование на Германија, Австрија и Швајцарија беше на тема „Дали ќе се исплашиш или ќе бидеш храбар, прашање е сега?”.

Овој настан традиционално се одржува во рамките на манифестацијата „Берлински денови на сказните” каде со свои стихувани лични и ликовни творби учествуваа повеќе од 1.100 ученици од 10 земји.

Стихуваните лични творби на Драгана Тодорова, Виктор и Викторија Додевски, Сара Поповска и ликовните творби на Борјан Деспотовски, Андреј Антов, Климентина Чаповска, Мила Стаматовска, Тијана Мурџева, Александар Бараковски, Андреј Кушовски, Бојан Столевски, Дамјан Салтамарски, Филип Карамачоски, Георгина Серафимовска, Исидора Тримоска, Клара Блинков, Јован Станковиќ, Мартина Терзиева, Мила Ќурчинска и Томислав Јовановски обезбедија пласман помеѓу 300 најдобри на натпреварот.