x

Бергеруд: Среќа што „Јане Сандански“ кој е како „зовриен лонец“ ќе биде празен

golman-flensburg

Вардар 1961 засега ќе мора да се навикне без својот најважен играч – публиката. За атмосферата во СЦ „Јане Сандански“ се зборува на големо во цела Европа, но за жал поради Ковид-19, Стевче Алушовски и неговите момци ќе мора да играат пред празни трибини.

Овој факт е голем минус за Вардар, но од друга страна голем плус за противниците. Голманот на Фленсбург, Торбјерн е среќен што нема да играат пред преполна сала, која што е гласна и тешка за играње.

„Салата „Јане Сандански“ важи за „зовриен лонец“. Сепак, во корона-времиња сè е поинаку. Тоа е секако мала предност за нас во оваа ситуација. Салата нема да биде преполна и гласна како што е обично“, изјави Бергеруд.

Вардар 1961 и Фленсбург ќе се сретнат во меч од 4. коло, дуелот е закажан во 20:45 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата