Од вечерва на полноќ цените на горивата ќе имаат големо намалување, особено дизелот кој поевтинува за четири денари согласно новиот тарифник на регулатрната комисија за енергетика, што ќе важи оваа недела.

Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,76 %, во однос на цените кои важеа минатата недела.

Од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 49,50 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари за литар и ќе изнесува 52 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денари што е намалување за 4 денари во споредба со досегашната цена.

Екстра лесното масло ќе се продава по цена од 30,50 денари за литар, а мазутот по 16,945 денари.

Од регулаторната комисија информираат дека клучни фактори што влијаат на крајната цена се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.

 

извор: Makfax