Од ноќеска, бензините се поскапи за половина денар за литар, а дизелот и нафтата за домаќинство остануваат со непроменети цени. Регулаторната комисија за енергетика во согласност со Методологијата за формирање на малопродажните цени на горивата, вчера донесе одлука за усогласување на продажните цени со оние на суровата нафта на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот . Моторниот бензин од 96 октани сега се продава по цена од 59,50 денари за литар, безоловниот од 90 октани е со цена од 56 денари, а безоловниот од 95 октани – 56,50 денари за литар. Дизелот останува со цена од 49 денари, а нафтата за домаќинство – 38,50 денари.




























Деривати стара цена нова цена
МБ -96 (премиум) 59,00 ден. 59,50 ден.
БМБ-90 (без.регулар) 55,50 ден. 56,00 ден.
БМБ-95 (без.премиум) 56,00 ден. 56,50 ден.
Д (дизел) 49,00 ден. 49,00 ден.
ЕЛ 38,50 ден. 38,50 ден.