Од ноќеска сите горива се поскапи за два, односно еден денар за литар. Регулаторната комисија за енергетика во согласност со Методологијата за формирање на малопродажните цени на горивата вчера донесе одлука за усогласување на продажните цени со оние на суровата нафта на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот . Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминативе две недели изнесувала 59.618 денари за барел. Според новиот ценовник моторниот бензин од 96 октани сега се продава по цена од 66,00 денари за литар, безоловниот од 90 октани е со цена од 62,50 денари, а безоловниот од 95 октани – 63,00 денари за литар. Дизелот, пак сега има цена од 52,50 денари, а нафтата за домаќинство – 42,50 денари. Скок има и кај цената на мазутот.




























Деривати стара цена нова цена
МБ -96 (премиум) 64,00 ден. 66,00 ден.
БМБ-90 (без.регулар). 60,50 ден. 62,50 ден.
БМБ-95 (без.премиум) 61,00 ден. 63,00 ден
Д (дизел) 51,50 ден. 52,50 ден
ЕЛ 41,50 ден 42,50 ден.


.