Англискиот премиерлигаш Челзи ќе испрати понуда до францускиот првак Олимпик од Лион за младиот напаѓач на “лавовите” Карим Бензема. Лондонскиот клуб најверојатно ќе се раздели со сегашната ѕвезда во својот напад Дидие Дрогба, кој одбива да го обнови договорот и сака да го напушти Стемфорд Бриџ, поради отпуштањето на претходниот менаџер на клубот Жозе Мурињо. Извршниот директор на Челзи, Питер Кенијон ќе се сретне со претставниците на Лион за да го разгледаат евентуалниот трансфер на младиот француски репрезентативец. Лондончаните, сепак, ќе наидат на сериозно спротивставување за потписот на Бензема, бидејќи тој е трансферна цел и на други европски гиганти како што се Арсенал, Реал (Мадрид) и Барселона.

Од францускиот клуб, сепак, поставија цена од 65 милиони евра за неговиот потпис и тоа може да го осуети преминот на Бензема на Стемфорд Бриџ.

Во моментов Бензема е прв на листата на голгетерите во француското првенство со 15 погодоци.