x

Бензема донесе победа за Реал и израмнување на врвот со Сосиедад и Атлетико (ВИДЕО)

kroos-vini-jr

Со головите на Карим Бензема, Реал (М) ја запиша и осмата сезонска победа во Ла Лига совладувајќи го Атлетик (Б) со 3:1 и се израмни на врвот на табелата со Реал Сосиедад и Атлетико (М), со тоа што градскиот ривал има два меча помалку од шампионот.

Атлетик Билбао скоро цел меч го одигра со играч помалку, откако Раул Гарсија во период од само пет минути доби два жолти картони и веќе во 13. минута беше испратен надвор од теренот. Реал поведе преку Тони Крос во финишот на првото полувреме, но упорните гости во 52. минута со голот на Капа успеаја да израмнат на1:1.

Одлучувачкиот момент стигна во 74. минута, кога по асистенција на Карвахал, Бензема со глава ја спушти топката во гостинскиот гол за водство од 2:1. Во самата завршница на мечот, Бензема ги потврди своите голгетерски квалитети со втор гол за конечни, 3:1.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата