Лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Челзи, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на најдобриот фудбалер во редовите на италијанскиот калчолигаш Торино, Андреа Белоти.

Репрезентативецот на Италија важи за голема желба и на раководните лица на Арсенал, Манчестер Сити и Реал (М), но потребната дозвола за промена на клупската средина ќе ја добие само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 90 мил. евра.

Тешко е за верување дека лондонските “сини” ќе испратат толку богата понуда, но во игра е и опцијата во обратната насока да бидат испратени неколку фудбалери.