Во Србија вчера до 15 часот регистрирани се вкупно 582 потврдени слушаи на Ковид-19. Инаку во националната референтна лабораторија Институт Торлак тестирани се вкупно 1715 лица кои ги исполнувале критериумите по дефиниција на случаите.

Белград убедливо е со најмногу заразени

Од корона вирус во светот заразени се околу 600.000 луѓе

– Починати се повеќе од 27.000 лица

– Излекувани се 133.373

– САД имаат повеќе од 100.000 заразени

Привремената болница на Белгратскиот саем од денес почнува да ги прима првите пациенти заболени од корона вирус со полесни тегоби, и во тој објект можат да влегуваат исклучиво пациенти, здравствени работници, додека за јавноста и новинарите не дозволен влез, бидејќи целиот простор е дезинфициран и подготвен за лекување на заболените.

Просторот за престој на заразени обезбеден е во халите 1, 3, 4 и 5, а војската доставила околу 3.000 кревети, шкафчиња, а просторот меѓу кревети е ограден со паравани, додека галериите на халите ќе бидат лекарски ординации опремени со рендген апарати. Освен лекари специјалисти, во привремената болница ќе има и психолози.

На саемот обезбедени се санитарни услови, на пациентите ќе им се доставува храна, константна температура од 20 степени, и целиот саем е покриен со wi-fi.

Листа на работи кои пациентите можат да ги понесат со себе за време на лекувањето во времената болница ќе биде објавена на сајтот covid19.rs ..