x

Белгијците имаат луда идеја: Фудбал под маски!?

Иако најавија дека ја прекинуваат фудбалската сезона, Белгијците би можеле да им се вратат на фудбалските натпревари. Еден белгиски вирусолог, кој активно работи на сузбување на КОВИД-19 воз емјата, предложи фудбалот во одреден период да се игра со маски.

„Една од идеите што ја имаме е да подариме маски со кој фудбалот ќе може да се врати на терените. Маските против загадување кои можат да се најдат на Интернет, и кои ги употребуваат американските фудбалери и велосипедисти се многу поудобни од хируршките маски и можат да се користат на фудбалски натпревари“, вели Марк Ван Рунст.

Професионалните клубови во земјава по состаноците со УЕФА официјално се уште се немаат огласено, но се очекува да го најават крајот на оваа сезона следната недела, додека забраната за јавни собири до 31 август објавена минатава недела, значи дека следната сезона најверојатно ќе започне зад затворени врати.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата