x

Белгија со лекција за Литванија

Комплетирано е првото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

Изненадување дефинитивно го има Белгија пред своите фанови ја совлада Литванија со 86-65. По првите десет минути домашниот состав поведе со 23-9, но не застана, успеа да ја сочува позитивата до самиот крај.

Ова не е прв триумф на Белгија против Литванија, пред пет години на гостински терен дојде до победа од 74-76.

Во центарот на вниманието беше средбата меѓу Германија и Франција, а како победник излезе домашниот тим (83-69). Освен првата четвртина во која гостите имаа минимална предност од 15-16, преостанатиот дел од натпреварот мина во знакот на Германците.

По последното водство на Франција од 19-26 во втората четвртина следеше целосен пресврт. Домаќинот со највисоки 41-34, по одморот поведе со плус 15 (49-34).

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА Ц

Чешка – Данска 75-71

Белгија – Литванија 86-65

ГРУПА Д

Хрватска – Шведска 72-56

Турција – Холандија 65-72

ГРУПА Г

Црна Гора – Велика Британија 81-74

Германија – Франција 83-69

ГРУПА Х

Грција – Бугарија 73-63

Летонија – БиХ 61-62

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата