x

Белгиски прволигаш го избрка голманот затоа што си правел „корона забава“

ondoa-oostende

Белгискиот фудбалски клуб Остенде го отпушти резервниот голман Фабрис Онду денеска затоа што тој си организирал забава и покрај забраната за собирање поради коронавирусот.

„Се покажа дека станува збор за забава во која 10 лица ги прекршиле сите мерки против пандемијата“, се наведува во соопштението на клубот по полицискиот извештај за интервенција во куќата на Камерунецот поради бучава.

Остенде изјави дека во клубот немало позитивни случаи на Ковид-19 и покрај ваквото однесување на голманот.

„Клубот е над индивидуалноста и ние бевме принудени да го отпуштиме поради сериозноста на ситуацијата“, се вели во клупското соопштение.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата