Еден полицаец рано утрово е убиен во источниот дел на Белгија, во местото Спа, за време на рутинска интервенција, навеле извори. Смртта на полицаецот ја потврдил и министерот за внетрешни работи, Жан Жамбон.

„Драматичен инцидент во Спа. Моето најискрено сочувство до семејството на полицаецот и целокупна поддршка на неговите колеги од локалната полиција“ навел Жамбон на Твитер.

До инцидентот дошло околу 2 часот утрото. Околностите не се докрај познати, но според еден извор блисок до истрагата, полицаецот интервенирал во караница на пат. Починал пред доаѓањето на брзата помош.

извор: Makfax