Понекогаш политичарите ја препуштаат Белата куќа за приватни цели, најчесто за настани што не се од политички карактер.

Резиденцијата на американските претседатели е местото каде се извршени 18 свадби, а според достапните записи, најмалку 10 лица загинале во зградата на авенијата Пенсилванија во Вашингтон.

Минатиот петок се одржа погребната служба за братот на претседателот Доналд Трамп со неговото семејство во Белата куќа.

Претседателот го опиша својот брат со следниве зборови: „Тој не беше само мој брат. Тој беше мојот најдобар пријател“.

Претседателите Абрахам Линколн и Келвин Кулиџ ја оплакуваа смртта на нивните деца додека беа претседатели и живееја во Белата куќа.

  • Белата куќа е комплексно место. Тоа се канцеларии, музеј и дом – рече Анита Мек Брајд, која работи во Белата куќа за време на мандатот на трите американски администрации.

За само неколку недели, претседателот Трамп ќе ја искористи Белата куќа за церемонијата на која тој официјално ќе ја прифати кандидатурата на неговата Републиканска партија за претстојните претседателски избори.

Церемонијата требаше да се одржи во Шарлот, потоа беше решено дека ќе се одржи во Џексонвил, но на крајот беше донесена одлука да се одржи во Белата куќа заради пандемија на корона вирус.

  • Претседателот сигурно ќе биде критикуван за таа одлука, но тешко е да се најде подобро решение во овој момент – заклучи МекБрајд.