Викторија и Дејвид Бекам Најгламурозната брачна двојка на Островот, Викторија и Дејвид Бекам, не успева да се справи со поранешната дадилка Ебигејл Гибсон, која изнесува пикантерии од нивниот разнишан брачен живот. Ебигејл, која го доби судскиот спор со семејството Бекам, во продолжението на својата верзија “Сага за Бекамови” изнесе шокантно обвинение на сметка на Дејвид, наречувајќи го “лажго”. “Не покажуваше почит кон Викторија додека ја мамеше со Ребека Лос, но ниту кон љубовницата, бидејќи подоцна тврдеше дека ништо не се случило. Иста работа беше и со Даниела Хит, првин ја заведе, имаше орален секс со неа и потоа ја шутна како топка, отфрлајќи дека меѓу нив воопшто нешто се случило. Не ме поштеди ни мене кога се обидуваше да ме убеди дека треба да се правам дека ништо не било, изјави Гибсон. Единствено решение на Бекамови за да се заштити од ваквите приказни во овој момент е да се појави директно пред камерите. “Пипл” ја објави веста дека Викторија и Дејвид планираат да дадат заедничко ТВ интервју за Би-Би-Си.