Бекамови прават парти од 500.000 фунти
На 21 мај Викторија и Дејвид Бекам ќе ја почестат земјата што ја засакаа – Шпанија со тематско парти за претстојното Светско фудбалско првенство во Германија ова лето, пишува англискиот “Сан”. Поканетите гости на забавата во Бакингамскиот дворец ќе бидат замолени да носат долги свечени фустани со многу накит. Гостите на овој настан за високите кругови ќе се забавуваат со фламенго и други традиционални шпански танци и песни. Викторија и Дејвид Бекам имаат подготвено и други изненадувања за своите гости, кои ќе ги има околу 400, а меѓу нив ќе се најдат и принцовите Вилијам и Хари, холивудскиот актер Том Круз и членовите на англиската фудбалска репрезентација. За закуската ќе се погрижи познатиот кулинар Гордон Рамзи, кој неодамна ја посети Шпанија, за да ги одбере јадењата за партито. Забавата ќе го чини ѕвезденото семејство 500.000 фунти. Кога се знае колку заработува Дејвид Бекам, кој е сигурно најскапиот светски бред, тогаш ова нема да претставува голем издаток за буџетот на Бекамови. Викторија Бекам и нејзиниот сопруг ја засакаат Шпанија откако Дејвид стана играч на Реал (Мадрид).