Еден од најпопуларните парови, Викторија и Дејвид Бекам освен тоа што нижат успеси на професионален план, уживаат и во семејната идила.

Дизајнерката и некогашниот фудбалер се горди на четири деца – Харпер (8), Круз (15), Ромеа и Бруклин (21), а според пишувањата на „Women’s Day Australia“ нивните наследници наскоро ќе добијат брат или сестра.

Овие пишувања ги потврдил нивен пријател кој сакал да остане анонимен.

Бекамови се уште не се огласија по повод веста за бременоста.