x

Без Ѓуроски во Талин, репрезентативецот е позитивен на Ковид-19

stojan-guroski

Стојан Ѓуроски нема да биде во можност да биде дел до нашиот сениорски национален тим за претстојниот квалификациски турнир во Естонија.

Репрезентативното крило доби позитивен резултат на задолжителното PCR тестирање од коронавирус кое го направи по враќањето во Аликанте.

„За жал, нема да можам да му помогнам на националниот тим за Битките во Талин. По враќањето во Скопје, каде мораше да средам некои технички работи поврзани со работната дозвола за Шпанија, бев тестиран од страна на клубот. Тестот се покажа како позитивен, а тоа ме однесе во самоизолација“ – потврдува нашиот стандарден репрезентативец за своето непланирано отсуство.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата