Од ЕВН Македонија известуваат дека без електрична енергија ќе останат делови на Илинден, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Центар.

Во периодот од 8:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Кадино (општина Илинден), од 9:00 до 11:30 часот, корисниците од ул. Ибе Паликуќа од бр.35 до бр.40, Веле Марков од бр.1 до бр.9 и бр.40 и ул. Браќа Галеви од бр.45 до бр.55 (општина Ѓорче Петров), од 9:00 до 13:00 часот, дел од корисниците од улиците Методија Патчев, Герника, Речиште, Сердарот, Иван Мештеровиќ, Иван Хаџи Николов и Киро Фетак (општина Кисела Вода), од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Битолска, објектот на градската пајак-служба, како и дел од корисниците лоцирани околу поликлиниката Пролет (општина Центар) и во периодот 12:30 до 14:30 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од ул. Илија Маџоски (општина Ѓорче Петров).

извор: Makfax