Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот во градот Скопје.

Па така, од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат булеварот Борис Трајковски  б.б објект на „Гранд експорт“ и „Деон“ АС во кругот на поранешна стакларница и другите објекти во непосредна близина (општина Кисела Вода); од 8:30 до 12:30 часот улицата Сава Динкова во населбата Драчево (општина Кисела Вода), од 9:00 до 14:00 часот: дел од улицата со број 1 во село Љубин (општина Сарај); од 8:30 до 15:00 часот: ул.Тодор Чангов (општина Аеродром) и од 9:00 до 14:00 часот дел од улицата Ѓорче Петров (општина Ѓорче Петров).

извор: Makfax