Овде не дојдовме на шопинг”, порач а Канатларовски, пред вечерашниот втор квалификациски меч за СП 2006, на “црвено- жолите”. Со потребната почит, но без респект нашите репрезентативци ќе излезат на стадионот “Јон Облеменко” во дуелот со пореномираниот противник. По двата одработени тренинзи, на кој на стомач ен вирус се пожалија Пандев, Ставрески, Ќумбев, првиот стратег на Македонија се определи со кои единаесетмина ќе излезе на дуелот. Васоски, Јанчевски и Попов се тројцата играчи, кои, поради концепциски измени (поради отсуството на Седлоски), ќе бидат во првите единаесет за разлика од оној тим што извојува убедлива победа на стартот од квалификациите против Ерменија (3:0) во Скопје . “Пандев и Шакири се нашето најсилно оружје и тие двајца ќе го предводат нападот. Зад нив како плејмејкер ќе игра Јанчевски, тука некаде ќе биде и Попов. Трајанов ќе стартува од клупата”, изјави Цапарот. Според Канатларовски, нашиот тим не ќе смее да си дозволи да се повлече и да игра бункер, бидејќи на тој на- чин ќе биде многу лошо за нас. “Ги респектираме, но не премногу. Ова е дуел на единаесет наспроти единаесет фудбалери и с&”238; е можно”. На спротивната страна селекторот на “Вампирите”, Ангел Јорданеску, не се ни сомнева околу конечниот резултат: “Не помислуваме на ништо друго, освен на победа”, порача арогантно Јорданеску, според кого веќе не постојат мали и големи селекции.