x

Без НБА ѕвезди во Токио после 30 години?

lebron-2

Новата сезона во НБА-лигата нема да почне пред јануари, што пак прави проблем за Олимписките игри во Токио, кои ќе се одржат од 23. јули до 8. август. Истите беа одложени поради пандемијата коронавирус.

Доколку сезоната во најсилната лига започне во јануари, сосема е јасно дека има мала шанса регуларниот дел да заврши навреме за Олимписките игри, да не збориме за плеј-офот.

Тоа би значело дека во Токио нема да има НБА ѕвезди, единствен спас е за време на ОИ да има пауза во ова натпреварување, само вака кошаркарите ќе можат да ја претстават својата земја.

Сепак, Адам Силвер смета дека такво нешто е малку веројатно.

„Ќе размислиме за овој предлог.  Мислам дека е малку веројатно, ако биде доцна почетокот на сезоната тешко дека ќе застанеме поради Олимпијадата. Тоа не значи дека ќе застанеме само за време на Олимписките игри кога играчите ќе настапуваа во Токио, истите тие треба да тренираатсо националниот тим, а потоа да се одморат по игрите“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата