Услов за запишување во градинка и во училиште ќе биде децата да бидат вакцинирани, порача министерот за здравство Венко Филипче.

„Се надеваме дека тоа ќе успееме да го спроведеме годинава од септември, бидејќи треба да се прилагоди и законската регулатива во труд и социјална политика и во образование“, рече Филипче.

Превентивни тимови од 23 до 29 април за време на Европската недела на имунизацијата ќе одат на терен ќе ги проверуваат вакциналните картони и ќе бараат невакцинирани деца и лица за да бидат имунизирани.

Македонија спаѓа во високо ризичните земји за појава на епидемии од смртоносни заразни болести. Некои од овие болести со децении се искоренети во Македонија, односно последниот случај на дифтерија е регистриран пред 40 години, а последниот случај на детска парализа пред 31 година.

извор: Makfax